Содржина
Тим Буртон ни претставува една морничава легенда што е заснована на руска народна приказна од 19 век, во која еден млад маж по грешка се жени за труп додека се наоѓа на дводневно патување до селото на неговата вистинска невеста. Вистинската невеста, која се подготвува за пристигнувањето на нејзиниот свршеник, ќе мора да се соочи со својата сенишна ривалка и да се помири со неа, ветувајќи ѝ дека ќе ги живее нејзините соништа наместо неа, давајќи завет дека засекогаш ќе се сеќава на неа. Само тогаш вистинската невеста и младоженецот ќе можат да продолжат со својата свадбена церемонија во филмот „Мртвата невеста.
Филмот е номиниран за „Оскар за најдобар анимиран игран филм.