СОДРЖИНА
Природонаучен документарец што следи едно новородено мајмунче со неговата мајка во нивната борба за преживување во општествената хиерархија на една динамична група мајмуни кои живеат во древните урнатини длабоко во џунглите на Јужна Азија.
Од „Дизниприрода“ („Disneynature“), студиото што ви го донесе „Шимпанза и мечки“, пристигнува „Мајмунско царство“, спектакуларна приказна која се одвива во древните урнатини во џунглите на Јужна Азија. Маја е паметна и итра мајмунка чиј свет засекогаш се менува кога го раѓа својот син Кип во нејзиното шаренолико пошироко семејство. Додека Маја се бори Кип да биде безбеден низ неочекуваните а понекогаш и опасни авантури, неверојатните снимки ги доловуваат целата магија и изненадувањата на нивниот волшебен свет. Маја и нејзиното семејство ќе ве насмеат и ќе ви го стоплат срцето додека таа ги остварува своите соништа за иднината на нејзиниот син.