Содржина
По три децении од поразот на Дарт Вејдер и на Империјата, се појавува нова закана. Првиот ред се издигна од пепелта на Галактичката Империја и нему му се спротивставуваат генерал Леја Органа и Отпорот, кои бараат да го најдат исчезнатиот мајстор на џедаите, Лук Скајвокер. Во оваа потрага, се појавуваат нови херои во ликот на Реј од планетата Јаку, Фин, дезертер од Првиот ред, како и По Дамерон, најдобриот пилот на Отпорот. Ним им помага Хан Соло во потрагата по Скајвокер и во нивната мисија да го уништат новото оружје на Првиот ред, базата „Убиец на ѕвезди, чии цели се Новата Република и Отпорот. Ним им се спротивставуваат негативците како Кило Рен, темен воин со таинствено минато, како и генерал Хукс, командантот на базата.