Содржина
Франсес Мејес (Дајен Лејн) е 35-годишна писателка од Сан Франциско, чиј совршен живот неочекувано се менува. Нејзиниот скорешен развод предизвикува писателска блокада кај неа и таа е многу депримирана, а нејзината најдобра пријателка, Пети почнува да мисли дека можеби никогаш нема да закрепне. Лекот кој го препорачува д-р Пети е 10 дена во Тоскана. Френсес таму импулсивно купува вила која буквално се вика „Брамасол“ или во превод „нешто што копнее по сонцето“. На домот му треба многу реновирање, но дали има подобро место за нов почеток од домот на ренесансата? Додека ужива во својот нов живот во вилата, насред бујната и прекрасна италијанска природа, Франсес се спријателува и со своите соседи, но кога е сама таа се плаши дека нејзините амбиции за нов живот и ново семејство можеби нема да се остварат. Тоа трае сé додека една случајна средба во Рим не ја фрла Франсес во прегратките на мистериозниот продавач на антиквитети од Портобело, Марсело. Дали ова е тоа за што таа сонуваше? Може ли да трае љубовта со Марсело? Дали нејзиниот нов живот ќе успее под тосканското сонце?