Содржина
Малиот Блинки Бил е авантурист во срцето и сонува да замине во потрага по исчезнатиот татко. Кога ќе го открие мистериозниот знак што упатува на неговиот татко, тој тргнува на патување кое ќе го однесе во див и опасен свет. Набргу се спријателува со коалата од зоолошката градина Немирко и со нервозниот гуштер Џеко. Заедно, прогонувани од одмаздољубивата мачка, мораат да научат да соработуваат ако сакаат да преживеат во суровата дивина и да го пронајдат таткото на Блинки.