Содржина
„Другарки полни со пари“ ги истражува променливите односи меѓу четири жени, пријателки низ целиот свој живот, па и како возрасни жени. Кога навлегуваат во средната доба, нивното пријателство се соочува со нараснувачки предизвик од сè поголемите разлики во нивните поединечни степени на финансиската удобност.
Трите пријателки со пари, Френи (Џоен Кјузак), Џејн (Францис Мекдорманд) и Кристин (Кетрин Кинер), се загрижени за Оливија (Џенифер Анистон), која се чини дека не е во можност финансиски да се издржува ниту да има долга врска, барем според нивните стандарди. Но, истражувањето на нивната група ги зголемува сомнежите за цврстината на нивните бракови и кариери.
На крајот, Оливија наоѓа стабилност на неочекувано место, но нејзиниот и до некаде среќен завршеток е поматен од суровата реалност на тукушто распаднатите животи на нејзините пријателки. Резултатот е болно и урнебесно истражување на модерниот живот, кое е брутално искрено, а истовремено и целосно продуховува.