Содржина

Номинираната за „Оскар Квин Латифа во „Беси, драма на ХБО Филмови, ја игра легендарната блуз-пејачка Беси Смит, во режија на познатиот режисер Ди Рис. Филмот се фокусира на промената на Смит од надежна млада пејачка во „Царица на блузот во една од најуспешните артистки во 20-тите години на минатиот век, икона што опстојува до денес.
„Беси нуди интимен поглед на една решителна жена чиј огромен талент и љубов спрема музиката ја одведоа од анонимен статус до блуз-сцената на 20-тите и до меѓународна слава. Прикажувајќи ги професионалните подеми и падови на Беси, филмот прикажува портрет на еден немирен дух, кој и покрај сопствените демони успева да стане легенда. Со текот на годините Беси Смит стана инспирација за низа пејачки како Били Холидеј, Арета Френклин, Џенис Џоплин и Нина Симон.

Слики

БесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБесиБеси

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.