Содржина
Во акционата комедија „Интервјуто, Дејв Скајларк (Џејмс Франко) и неговиот продуцент Арон Рапопорт (Сет Роуген) го прават популарното таблоидно ТВ шоу, „Вечер со Скајларк. Кога откриваат дека севернокорејскиот водач Ким Јонг Ун е обожавател на шоуто, тие успеваат да добијат интервју со него во обид да станат вистински новинари. Додека Дејв и Арон се подготвуваат за патот во Пјонгјанг, нивните планови се менуваат кога ЦИА ги регрутира како најдобри кандидати што можат да го убијат Ким Јонг Ун.