Содржина
Од Дизни ни доаѓа УТРЕЗЕМЈА на двојниот оскаровец Бред Бирд, возбудлива мистерија-авантура во која учествува оскаровецот Џорџ Клуни. Поврзани со заедничка судбина, поранешното дете-гениј Френк (Клуни), уморен од неуспешноста, и Кејси (Брит Робертсон), ведра, оптимистична тинејџерка која гори од научна љубопитност, се впуштаат во опасна мисија да ги откријат тајните на едно загадочно место некаде во времето и просторот познато само како Утреземја. Она што мора да го сторат таму го менува светот - и нив - засекогаш. Базирајќи се на сценариото на Дејмон Линделоф, сценарист и кокреатор на "Лост" (Загубени), и на Бред Бирд, според приказната од Линделоф и Бирд и Џеф Џенсен, УТРЕЗЕМЈА ветува дека ќе ја одведе публиката на возбудливо патешествие на постојана авантура низ нови димензии за коишто само може да се сонува.