СОДРЖИНА
Оставени на еден изолиран пустински пат, двајца долгогодишни пријатели почнуваат да си ги напаѓаат меѓусебните животни одлуки. Нивната кавга наскоро се претвора во физичка пресметка и во борба на живот или смрт.
Мичел и Картер се долгогодишни пријатели кои се разделиле во животот, а сега се наоѓаат на патување на кое нивниот стар "пикап" се расипува, па ги остава среде еден изолиран пустински пат. Па, додека безмилосните временски услови на пустината ги толчат, тие со огромна бруталност почнуваат да си ги напаѓаат меѓусебните животни одлуки. Додека се прашуваат кои се и кои би можеле да бидат, нивната нервоза доведува до физичка конфронтација и до лудило со употреба на ножови, па сето тоа се претвора во борба на живот или смрт.