Содржина
Во 1943 година Германците го отвориле кампот за затвореници Сталаг Луфт Норт, направен да ги задржи највештите бегачи од затвор. Сепак, нацистите несвесно го создале најдобриот тим на бегачи од затвор во историјата.
„Големото бегство“ е заснован на вистинита приказна за една група затвореници од сојузниците во Втората светска војна, кои успеале да избегаат од нацистички затвор од кој, наводно, не можело да се избега. На почетокот на филмот, нацистите ги собираат најпроблематичните затвореници и ги ставаат во нов затворски камп кој е направен така што бегството би било невозможно. Затворениците веднаш развиваат план за бегство од кампот, копајќи три одделни тунели. Ричард Атенборо е британски војник кој го осмислува целиот план и е командант на дружината во која Чарлс Бронсон игра полски експерт за копање ровови, Џејмс Гарнер игра Американец со талент за крадење, Доналд Плезенс игра мајстор за фалсификување, а Стив Меквин игра американски бунтовник.