Содржина
Скоро напуштен пред олтар и отпуштен од работа, 20 и кусургодишниот Алан почнува да работи како туристички советник на аеродромот во Даблин. Таму ја сретнува Алис, која чека лет за Њујорк...
Алан (28) работи на шалтерот за туристички информации на аеродромот во Даблин. Алис е Американка што чека лет на аеродромот. Пред осум години, Алан и Алис имале романса која завршила лошо. Сега, сите хотелски соби во Даблин се зафатени. И покрај првичната отуѓеност, Алан на Алис ѝ нуди соба во неговата куќа за да преспие вечерта. Тие вечерта ја поминуваат во повторно меѓусебно запознавање. И двајцата си кажуваат лаги за тоа колку добро им поминале минатите осум години, но постепено ќе сфатат дека можеби се покомпатибилни дури и од порано. Во филмот „На чекање“ се работи за тоа кога во 20-тите години не ти тргнува според планот и за љубовните неуспеси.