Содржина
Волтер Гарбер (Дензел Вошингтон) е диспечер во њујоршкото метро, чиј вообичаен ден е исполнет со хаос од страна на еден смел криминал: киднапирање на метро воз. Рајдер (Џон Траволта), криминалниот гениј зад киднапирањето и водач на вооружената четиричлена банда, се заканува дека ќе ги убие патниците во возот освен ако не му се плати голем откуп во рок од еден час. Додека растат тензиите пред неговиот нос, Гарбер го користи своето големо знаење на метро системот, во борбата за надмудрување на Рајдер, за да се спасат заложниците. Но, постои една загатка која Гарбер не може да ја реши: дури и ако крадците ги добијат парите, како би можеле да избегаат?