Содржина

Кога Џен од племето Гелфлинг оди да го најде делчето што недостига од еден кристал, неговото опасно патување го носи лице в лице со чудовишта на секој чекор. Решен да го врати мирот на нивната планета, Џен не сака да се повлече!
Друг свет, друго време... во добата на чудата. Пред илјада години, земјата била зелена и убава. Сѐ додека кристалот не се скршил. Едно делче од кристалот се изгубило. Потоа почнала борбата и се појавиле две раси, суровите Скексиси и нежните Мистици. Во Замокот на кристалот, Скексисите ја презеле контролата со своите цврсти и извиткани тела, како и со нивната сурова и извитоперена волја. Тие владееле илјада години. Во долината на Мистиците живее гелфлингот Џен. Скексисите го убиле неговото семејство и го уништиле неговиот клан. Само Џен преживеал и го одгледале најмудрите Мистици. Но, тука има едно пророштво. Поминати се илјада години и сега уште еднаш светот мора да помине низ тест. Сега мора да закрепне или засекогаш да премине под владеење на злото. Овој пат Џен е избраниот. И патувањето мора да започне. Патувањето на Џен.

Слики

Темен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристалТемен кристал

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.