рејтинг: 8.0/10
Оценка на корисникот: 8.1/10
(21 глас)

Содржина

Од режисерот, добитник на „Оскар“, Џузепе Торнаторе, пристигна необичната приказна за едно момче родено на море. Тоа станува виртуозен пијанист чие музичко реноме оди многу подалеку од самиот брод, иако тој никогаш не стапнува на копно.
На 1 јануари 1900 година, Дени Бодман, механичарот на трансатлантскиот брод „Вирџинијан“, кој патува кон Америка, наоѓа едно напуштено бебе на бродот и решава да го задржи. Момчето, кое добива прекар Новеченто (1900), пораснува на бродот, скриено од другиот свет. Неговото присуство се открива кога Дени умира во една несреќа. Младиот „1900“ успева повторно да се скрие и покрај заканите од капетанот. Откривајќи ја страста за музиката, тој учи сам да свири на пијано без да знае да чита ноти, па наскоро станува виртуоз, чие реноме се шири многу подалеку од самиот брод. Дури и познатиот џез-пијанист Џели Рол Мортон оди на бродот за да го предизвика, бидејќи има чуено за најдобриот светски пијанист кој живее на брод. Приказната ја раскажува трубачот Макс Туни, стариот пријател на Новеченто, кој се присеќава на неверојатниот пијанист кој никогаш нема стапнато на копно.

Слики

Легендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанотЛегендата за пијанистот на океанот

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Били Елиот (2000)

    image
    Талентирано младо момче е растргнато меѓу својата неочекувана љубов кон танцувањето и распаѓањето на семејството.
  • Фати го ритамот 3 (2010)

    image
    Група блиски улични танчери во Њујорк Сити, вклучувајќи ги Лук и Натали, се здружува со младиот Мус и во натпревар се соочува со најдобрите хип-хоп танчери во...
  • Фати го ритамот 5 (2014)

    image
    Све звезде из претходних филмова "Ухвати ритам" иду заједно у блештави Лас Вегас, да се боре за победу која може да одлучи о њиховим сновима и каријерама.
  • Фати го ритамот 2: На улица (2008)

    image
    Режисерот Џон М. Чу го презема кормилото за ова продолжение на „Фати го ритамот“, сместено во Школата за уметности во Мериленд и го следи патувањето на бунтовната...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.