Содржина
Плејбојот Хенри Греам го арчи своето богатство и мора да најде нов извор за одржување на својот луксузен животен стил. Планот е да најде богата жена, да се ожени и да ја убие. Трапавата Хенриета Ловел е идеалната кандидатка...
Хенри Греам (Волтер Матау) е женкар кој го троши своето наследство на луксузен живот и на брзи италијански автомобили, па мора да бара нови начини да се издржува кога ќе му снема пари. Ситуацијата е итна бидејќи вујкото на Хенри, Хери, му има дадено краткорочен заем под многу лоши кредитни услови. Тој ја мерка Хенриета Ловел, трапава богата ботаничарка (Илејн Меј) со која има намера да се ожени, а потоа да ја убие. Сепак, меѓу нив двајца се раѓа љубов кога Хенри открива еден куп начини на кои нејзините адвокати и персоналот ја крадат.