Содржина
Откако успеале да ја покорат цела Галија, Римјаните мака мачат со малото село во кое живеат надалеку познатите и силни јунаци Астерикс и Обеликс. Незадоволен со таквата ситуацвија, Цезар решава околу селото да изгради луксузен римски град за да ги натера галските варвари да потклекнат пред благодетите што ќе им се нудат во него. Астерикс и Обеликс ќе треба добро да се намачат за да ги натераат нивните соселани да им одолеат на искушенијата.