Содржина
„Во шумата е модерна верзија на неколку од омилените приказни од браќата Грим, која ги спојува дејствата на неколку од одбраните приказни и ги истражува последиците од желбите и постапките на ликовите. Овој весел и топол мјузикл ги следи класичните приказни за Пепелашка, Црвенкапа, Џек и дрвото грав и Златокоса, поврзани во оригинална приказна за еден пекар и неговата сопруга, за нивната желба да основаат семејство, како и за нивната интеракција со вештерката која ги проколнала.