Содржина
Во 1921 година, во потрага по нов живот и остварување на американскиот сон, младата Полјачка Ева Цибулски и нејзината сестра, од родната Полска пловат за Њујорк. Кога ќе пристигнат на островот Елис, лекарите и велат дека сестра и Магда е болна и ги разделуваат. Ева одеднаш се наоѓа сред безмилосните улици на Менхетен, а Магда во карантин. Сама и без никаква заштита, Ева станува лесен плен за шармантниот но подол Бруно, кој ја „зема под свое” и ја присилува на проституција. Ева се запознава со роднината на Бруно, Орландо, полетен илузионист, кој и ги враќа самодовербата и надежта за подобра иднина, но како пречка се јавува љубомората на Бруно. Ева е растргната меѓу двајца мажи, нејзината љубов кон овие изгубени души и сомилоста што ја чувствува кон оние кои грешат, бидејќи и самата е грешна, создаваат трогателна нишка која се провлекува низ целиот филм.