Содржина
Еден зајак, кој е третиран како отпадник поради тоа што нема уши, наоѓа едно јајце. Тој се грижи за него сѐ додека не се испили и од него не излезе пиле кое не е како другите пилиња бидејќи има уши. Двајцата стануваат најдобри пријатели.
Зајакот без уши е талентиран исто колку и другите зајаци. Но, бидејќи нема уши, никој не сака да си игра со него. Еден ден тој наоѓа јајце пред својата врата. Тој не ни помислува дека ова може да биде почеток на едно прекрасно пријателство. Тој ќе искуси многу возбудливи авантури во друштвото на пилето со две уши, па дури ќе им се исполнат и најголемите желби. Тоа е така бидејќи ако најдеш вистински пријател, сѐ е возможно. А и многу е забавно.