Содржина
Филмот го следи животот на Џамал Џефрис, “лошото момче” на кошарката, кое недисциплината и непослушноста го исфрлија од лигата без никаква шанса за враќање назад. Без финансии и познавање на било што, што не е кошарка, Џамал смислува план кој е толку многу луд - што мора да функционира: да се облече како жена и да се обиде во женската кошаркарска лига. На негово изненадување, тоа му тргнува од рака, но вистинскиот предизвик следува: да стави крај на животот како Џамал и да започне нов, како Џуана. За работите да бидат уште покомплицирани, набрзо ќе се вљуби во својот соиграч, Мишел, која ќе му покаже дека жената не е само убаво тело.