Содржина
Во филмот „42“ се работи за историската сезона во бејзбол од 1947 година, во која генералниот менаџер на „Бруклин Доџерс“, Бранч Рики (Харисон Форд) одлучил да потпише со првиот црн играч во лигата, Џеки Робинсон (Чедвик Босман). Херој е збор што често го слушаме во светот на спортот, но хероизмот не се мери секогаш според постигнувањата на теренот. Филмот „42“ ја раскажува приказната за двајца мажи, големиот Џеки Робинсон (Чедвик Босман) и легендарниот менаџер на „Бруклин Доџерс“, Бранч Рики (Харисон Форд), чиј храбар став против предрасудите засекогаш го промени светот , менувајќи го бејзболот. Во 1946 година, Рики потпиша договор со Робсон за негов настап во екипата, кршејќи ја злогласната расна граница во лигата за бејзбол. Соочувајќи се со расизам од секоја страна, Робинсон покажа огромна храброст преку својот талент на теренот, со што на крајот ги освои гледачите и соиграчите и им го трасираше патот на многумина по него.