СОДРЖИНА
Кога Џокерот, Лекс Лутор и цела плејада злобни негативци се здружуваат за да го освојат Готам Сити, „цигла по цигла“, Бетмен, Супермен и другите од Лигата на правдата се обидуваат да ги спречат.
Една забава за доделување награда на Брус Вејн како човек на годината во Готам Сити набргу се претвора во хаос кога Џокерот насилно влегува на забавата заедно со еден куп други негативци покрај себе, вклучително и Загатката, Жената-мачка и Човекот со две лица. Темниот витез стапува во акција за да ги исфрли неповиканите гости, но еден од присутните криминалци не е баш толку очигледен, а тоа е Лекс Лутор, кој носи тајно оружје што може засекогаш да ја промени рамнотежата на моќта во Готам. Тоа оружје е „Уништувачот“! Проблематичниот тим на Лекс Лутор и Џокерот можеби е преголем залак за Бетмен и Робин, но затоа тука се суперпријателите.