Содржина
Буч Кесиди, т.н. Блекторн, живее мирен живот во едно зафрлено боливиско село. Уморен е од многубројните настани во САД и сака да си го види семејството пред да умре. Поради тоа, тргнува на долго патување дома, но средбата со еден амбициозен и млад криминалец му ги менува плановите и тој се наоѓа на прагот на една авантура како во славните денови со Санданс Кид.
Филмот освои многу награди, меѓу кои наградата ГОЈА 2012 за најдобар снимател, најдобри костими и продукциски дизајн, како и наградата од Здружението на шпанските филмски критичари.