рејтинг: 6.3/10
Оценка на корисникот: 8.7/10
(7 гласови)

Содржина

Поглед во животите на две тинејџерки, неразделните пријателки Џинџер и Роза, кои растат во Лондон од 60-тите, додека се заканува кризата со советските проектили на Куба, а еден клучен настан го редефинира нивниот однос.
Лондон, 1962 година. Двете тинејџерки Џинџер и Роза се неразделни. Тие заедно бегаат од училиште, зборуваат за љубовта, верата и политиката и сонуваат за подобар живот од оној на нивните мајки домаќинки. Но, сѐ поголемата закана од нуклеарна војна фрла сенка врз нивните животи. Џинџер сака поезија и е бунтовна, а Роза на Џинџер ѝ покажува како да пуши цигари, како да бакнува момчиња и како да се моли. И двете се бунтуваат против своите мајки, самохраната мајка на Роза, Анушка и фрустрираната мајка на Џинџер, сликарката Натали. Во меѓувреме, таткото пацифист на Џинџер, Роланд, на девојките им изгледа како романтичен, боемски лик. Тој го охрабрува активизмот на Џинџер за забрана на нуклеарната бомба, додека Роза почнува да развива еден поинаков интерес кон него. На крајот, кога ескалира кризата со проектилите на Куба, а изгледа дека и на светот може да му дојде крајот, долгото пријателство на двете девојки се разнишува. Џинџер се надева дека ако успее да го спаси светот од уништување, можеби и самата ќе го преживее овој миг на лично разочарување.

Слики

Џинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и РозаЏинџер и Роза

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Под морското синило (2010)

    image
    Доктор Хок и неговиот тим во подводниот истражувачки центар го истражуваат животот, навиките и јазикот на делфините. Со помош на компјутерска програма успеваат да...
  • Ирон Исланд (2005)

    image
    Some poor people in the Southern coasts of Iran do not have any place to live, and thus, they reside on an old, abandoned ship in the sea. Captain Nemat, their...
  • Militanti (1984)

    image
  • Умберто Д. (1952)

    image
    Ова неореалистичко ремек-дело на Виторио де Сика следи еден пензионер кој се труди да преживее за време на повоеното закрепнување на Италија. Умберто се бори за...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.