Содржина
Во филмот „Робокап, годината е 2028, а мултинационалниот конгломерат Омни корп е во центарот на технологијата за роботика. Во странство, нивните дронови војската ги користи со години, но се забранети за полицијата во Америка. Сега, Омни корп сака да ја донесе својата контроверзна технологија на домашниот фронт, па гледа златна шанса за такво нешто. Кога грижливиот сопруг, татко и добар полицаец Алекс Марфи прави сѐ што може за да ги сузбие криминалот и корупцијата во Детроит и е критично повреден, Омни корп во тоа гледа шанса да направи полицаец кој е получовек-полуробот. Омни корп има идеја да стави Робокап во секој град, но и да заработи милијарди за своите акционери, но тие никогаш немаа една работа предвид. А тоа е дека во машината сепак има само човек.