Содржина
Приказна за легендарниот сурфер Џеј Мориарти, кој на 15-годишна возраст ќе се фасцинира од најголемите бранови на светот кои се појавуваат недалеку од неговиот дом во Санта Круз и ќе посака да ги покори. За да го оствари сонот, ќе го придобие легендарниот сурфер Фрости Хесон кој треба да го подготви за огромните бранови познати како Маверикс. Џеј и Фрости тргнуваат на патувањето чија цел е да се оствари невозможното. Совладувањето на брановите ќе прерасне во нешто многу поголемо од обично сурфање...