Содржина
Џастин живее во големо кралство и сонува дека еден ден ќе стане храбар витез како неговиот дедо. По инспиративната посета кај неговата сакана баба и збогувањето со Лара, во која се чини дека е заљубен, Џастин заминува оддома и тргнува на пат кон витештвото. Тој ја запознава прекрасната Талија, волшебникот Мелкијад, згодниот сер Клорекс и тројцата монаси кои го подучуваат на древните обичаи на храбрите витези. Иако не е баш најдобриот кандидат за витештво, Џастин мора бргу да се фати во костец со предизвиците зашто прогонетиот поранешен витез сер Хераклио и неговата војска се враќаат и се закануваат дека ќе го уништат кралството.