СОДРЖИНА
Филмот следи тројца мажи – Научникот, Писателот и Демначот – додека патуваат низ мистериозната и забранета територија на руската дивина наречена Зона за да ја најдат Собата, местото каде што сечии тајни надежи стануваат вистина.
„Сталкер“ на Андреј Тарковски, алегоричен научно-фантастичен филм како неговиот претходен „Соларис“, следи тројца мажи – Научникот, Писателот и Демначот – додека патуваат низ мистериозната и забранета територија на руската дивина наречена Зона. Таму ништо не е како што изгледа. Предметите ги менуваат местата, пејзажот се менува сам по себе. Изгледа, некоја непозната интелигенција активно се брани од каков било обид да се влезе во нејзините граници. Се раскажува дека во Зоната има бункер, а во бункерот магична соба што има моќ да ги остварува желбите. Демначот (Сталкер) е најмен водич за патувањето кој, поради постојаните посети на Зоната е доста запознаен со комплексните стапици, бездни и суптилни нарушувања. Само доколку го следат него, што често го подразбира најдолгиот и најмачен пат, Писателот и Научникот можат да преживеат во бункерот и собата.