Содржина
Ана се преселува во Буенос Аирес за да си го оствари сонот да биде спортски агент, а се вљубува во една фудбалска ѕвезда. Маж ѝ Кристијан долетува за да ги потпише документите за развод, но потајно се надева дека ќе си ја врати жената.
Кристијан е продавач на вино во Копенхаген и е пред банкрот. Тој е исто толку неуспешен и во речиси секој друг аспект на животот. Пред 17 месеци, неговата жена, Ана го има оставено. Таа работи како успешен фудбалски агент во Буенос Аирес и сега живее луксузен живот со врвниот аргентински играч, Хуан Дијаз. А тогаш, еден ден, Кристијан и нивниот 16-годишен син Оскар се качуваат на авион за Буенос Аирес. Кристијан пристигнува за наводно да ги потпише документите за развод, но вистината е дека тој сака повторно да ја освои Ана.