poster

Колебливиот фундаменталист

The Reluctant Fundamentalist (2012)

Трилер, Драма, Mистерија | САД, Обединетото Кралство, Индија, Пакистан, Катар
Режисер: Mira Nair

рејтинг: 6.8/10
Оценка на корисникот: 8.3/10
(3 гласови)

Содржина

Во 2001 год., еден Пакистанец по име Чангез е тазе дипломиран на “Принстон“ и сака да се збогати на Волстрит. Изгледа дека американскиот сон му е на дофат на рацете. Но, кога се нападнати кулите-близначки, сонот на Чангез станува кошмар...
Почнуваме во 2011 година во Лахор. Во едно отворено кафуле, Пакистанецот по име Чангез му раскажува на американскиот новинар Боби за своите искуства во САД. Се враќаме десет години во минатото и го наоѓаме помладиот Чангез кој е тазе дипломиран на “Принстон“, како бара богатство и слава на Волстрит. Изгледа дека американскиот сон му е на дофат на рацете, а тука е и неговата паметна и згодна девојка, Ерика која е уметник. Но, кога се нападнати кулите-близначки, културниот јаз полека почнува да се отвора помеѓу Чангез и Ерика. Сонот на Чангез наскоро се претвора во кошмар. Него го следат, го апсат без причина, го претресуваат гол и го испрашуваат, па тој се преобразува од добро образуван и надежен бизнисмен во жртвено јагне врз кое се гледа како на непријател. Со тек на времето, тој почнува да го слуша повикот на својата татковина. Водејќи нѐ низ културно богатите и привлечни светови на Њујорк, Лахор и Истанбул, филмот „Колебливиот фундаменталист“ претставува приказна за спротивставените идеологии каде перцепцијата и сомнежот имаат моќ да определат нечиј живот или нечија смрт.

Слики

Колебливиот фундаменталистКолебливиот фундаменталистКолебливиот фундаменталистКолебливиот фундаменталистКолебливиот фундаменталистКолебливиот фундаменталист

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Госпоѓата Слоун (2016)

    image
    Елизабет Слоун се наоѓа во светот на моќните политички боркери и кога ќе се соочи со најсилната конкуренција во својата кариера почнува сфаќа дека цената на...
  • Часови (2013)

    image
    Татко се бори за неговата ќерка да го преживее ударот на ураганот Катрина.
  • Зависна (2014)

    image
    Зое је веома успешна пословна жена, која неизглед има све – мужа из снова кога воли, двоје прелепе деце и веома перспективну каријеру. Али, Зое има и страст којој...
  • Храна која не храни (2015)

    image
    Политички трилер о борби једне мајке против генетски модифициране хране од које је оболио њезин син. Сопхие (З-Л. Јонес) је самохрана мајка, живи са сином и...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.