Содржина

Животот на Хауард се превртува наопаку кога еден од неговите поранешни ученици, кој сега е филмска ѕвезда, го нарекува хомосексуалец за време на преносот на доделувањето на наградите „Оскар“.
Учениците по предметот англиски јазик во средното училиште каде што предава Хауард Брекет се вчудовидени. Дали е вистина дека нивниот омилен средношколски учител можеби е хомосексуалец? Но, не е можно, тој тукушто ќе се жени! Ама, од друга страна, тој им предава часови за драма и ептен му се бендисуваат песните од Барбара Стрејсенд... Сето тоа на Хауард му се случува многу побрзо од што може човек да каже „Не прашувај, не кажувај“. Еден од неговите поранешни ученици станал холивудска суперѕвезда и неумесно ја доведува во прашање сексуалноста на Хауард, ни помалку, ни повеќе, туку за време на телевизискиот пренос на доделувањето на наградите „Оскар“. Мирниот живот на Хауард во Гринлиф, Индијана, веднаш се превртува наопаку. Гринлиф сега станува сцена на медиумско внимание, а Хауард е главниот лик. Питер Малој е снаодлив и агресивен телевизиски известувач, кој е решен да го натера Хауард да ја каже вистината. Во меѓувреме, на Хауард му остануваат само неколку дена до неговата венчавка за Емили Монтгомери, свршеницата со која е заедно цели три години.

Слики

Влези-излезиВлези-излезиВлези-излезиВлези-излезиВлези-излези

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.