Содржина

Летајќи дома кон Чикаго за да присуствуваат на семејна венчавка, пријателите од детството Џош и Моли се согласуваат да лажираат свршувачка за да го усреќат таткото на Џош, кој е на умирање. Но, работите излегуваат од контрола...
Моли Махоуни лета дома кон Чикаго за свадбата на својата мајка... со себе носејќи еден „таинствен маж“, но кога открива дека овој „таинствен маж“ има и таинствена сопруга, таа го остава уште на аеродромот. На крајот за тоа му се жали на пријателот од детството Џош Шифмен, кој лета дома за истата свадба. Моли е емоционално исцрпена и се онесвестува во рацете на Џош, а тој добива телефонски повик од своите родители. Џош дознава дека татко му умира и жал му единствено што нема да ја запознае жената што еден ден ќе стане жена на неговиот син. Очаен да ја исполни последната желба на татко му, Џош вели дека веќе ја запознал таа жена, а тоа е блиската семејна пријателка Моли Махоуни. Кога Џош наивно го кажува тоа што го направил среде летот, Моли се разбеснува и го тера да вети дека ќе го поправи тоа што го сторил веднаш штом ќе слетаат. Но, кога пристигнуваат, веќе е предоцна! Информацијата се разгласила и на аеродромот нив ги „напаѓаат“ и двете семејства со желби да се кердосаат и со транспаренти за честитки. Семејството на Моли е воодушевено што нејзиниот „таинствен маж“ всушност е Џош, а таткото на Џош е пресреќен што неговиот син женкар конечно се смирува со фината девојка што ја познаваат цел живот...

Слики

Мала грешка

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.