СОДРЖИНА
Индијанскиот воин Тонто (Џони Деп) и шерифот Џон Рид (Арми Хамер) се спротивни личности кои ги спојува судбината и потребата да се здружат за да се борат против алчноста и корупцијата.
Од продуцентот Џери Брукхајмер и режисерот Гор Вербински, тимот што ни го донесе блокбастер-серијалот „Пиратите од Карибите“, пристигнува „Осамениот ренџер“, возбудлива авантура преполна со акција и хумор, во која познатиот маскиран херој е оживеан и виден низ нови очи. Индијанскиот воин Тонто (Џони Деп) се присеќава на нераскажаните приказни што го преобразија шерифот Џон Рид (Арми Хамер) во „Осамениот ренџер“, легендарен херој од Стариот запад. Филмот ја носи публиката на патување полно со епски изненадувања и со хумор кога двата неспоиви хероја мораат да научат да работат заедно и да се борат против алчноста и корупцијата.