poster

Човек од месечината

Der Mondmann (2012)

Семеен, Анимација, Фантазија, Hаучна фантастика | Франција, Германија, Ирска, Обединетото Кралство
M1 Family | 17.4.24 | 09:46

рејтинг: 6.5/10
Оценка на корисникот: 10/10

Содржина

На Човекот од Месечината му е здодевно бидејќи е сам. Тој одлучува да ја посети Земјата. Еден ден се закачува на опашката на една комета и слетува на Земјата. Претседателот на светот е убеден дека се работи за освојувач и сака да го фати.
Кога Човекот од Месечината само би знаел колку го сакаат децата! Но, тој воопшто не е свесен за тоа бидејќи само седи на Месечината и се досадува во својата осамена сребрена сфера... Една вечер се појавува комета од длабочините на вселената и оди кон Месечината. Човекот од Месечината ја користи шансата, ја фаќа забрзаната комета за опашката и со неа оди до Земјата! Овој „напад од вселената“ го вклучува алармот во претседателската палата. И самиот претседател е бесен. Тој тукушто го освоил последното парче од Земјата, поразувајќи ги сите свои непријатели... А сега, неговиот посед е нападнат од вонземјани од друга планета! Единствените траги од напаѓачот што ги наоѓаат се сребрените отпечатоци од стапки во близина на кратерот од ударот. Бегајќи од претседателот и од неговите војници, Човекот од Месечината ќе започне долго патување на кое ќе се восхитува на многуте чуда на Земјата и ќе сфати колку многу го сакаат децата и колку тој им е потребен. Филмот „Човекот од Месечината“ е адаптација на познатата бестселер-книга од Томи Унгерер, најдобриот писател на детски книги. Книгата е преведена и издадена низ целиот свет и претставува најуспешна книга во неговата кариера.

Слики

Човек од месечинатаЧовек од месечинатаЧовек од месечинатаЧовек од месечинатаЧовек од месечинатаЧовек од месечинатаЧовек од месечинатаЧовек од месечината

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.