Содржина

Еден амбициозен телевизиски репортер, Тим Охара се среќава со вистински Марсовец кој е насукан на Земјата, откако неговото вселенско летало се срушува во куќата на Тим.
Урнебесниот филм на Дизни, МОЈОТ ОМИЛЕН МАРСОВЕЦ претставува интергалактичка комедија според класичната телевизиска серија од деведесеттите! Оваа урнебесна авантура почнува кога еден амбициозен телевизиски репортер, Тим Охара (Џеф Дениелс) се среќава со Марсовец (Кристофер Лојд) кој тукушто се има урнато на Земјата! Сметајќи дека ова е приказната на векот, Тим планира да го прикаже Марсовецот во јавност -- а тој има преземено човечки облик како „Вујче Мартин“. Кога напорите на Тим постојано се осуетуваат од лудите дејства на Вујче Мартин, тој одлучува да му помогне на инвентивниот вонземјанин да се врати дома. Со владата зад нивните петици и со распарчен вселенски брод, можат ли тие да го лансираат Вујче Мартин на време? Дивите специјални ефекти создаваат големи смешки кои вклучуваат вонземјани што се менуваат, автомобили што се смалуваат, предмети што лебдат, и една груба марсовска вселенска униформа, Зот. Во МОЈОТ ОМИЛЕН МАРСОВЕЦ исто така играат и Елизабет Харли (ОСТИН ПАУЕРС), Дерил Хана (СПЛЕШ) и Реј Валстон (од оригиналната телевизиска серија "Мојот омилен Марсовец"), а филмот ги забавува и децата и возрасните многу пати со својата брза акција и постојана смеа!

Слики

Мојот омилен марсовецМојот омилен марсовецМојот омилен марсовецМојот омилен марсовецМојот омилен марсовецМојот омилен марсовецМојот омилен марсовец

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Тајна старог тавана (1984)

    image
    Два дечака радиоаматера, Миро из Загреба и Пепек из Прага, проводе летне празнике на острву Хвар у куќи Мирове тетке. На прашњавом тавану њене старе куќе...
  • Шоуто на кучето и понито (2018)

    image
    Трогателен филм за коњ и пони.
  • Извиднички камп (2009)

    image
    Шеснаесет годишниот Јорк Хејс, лидер на извидничката група „Огнени змејови“, се враќа во кампот Ракута на последниот годишен собир на извидниците. Јорк е одлучен...
  • Веќе од живота (1996)

    image
    Јацк Цорцоран, по занимању аниматор, храбар је у суочавању с туѓим али неспособан кад се ради о њему. Животом му управљају заручница и мајка а његов агент Wалтер...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.