Содржина
Овој филм, кој е адаптација на мемоарите на хумористот Жан Шепард, се фокусира на Ралфи Паркер, младо момче кое живее во Индијана во 1940-те и очајно ја сака воздушната пушка „Ред Рајдер“ за Божиќ. И покрај противењето на мајка му, која вели дека ќе си го истера окото, Ралфи е упорен и неуспешно се обидува да добие помош од својот наставник и од Дедо Мраз. За тоа време, Ралфи почнуваат да го малтретираат неколку силеџии, а тој се обидува да не влезе во кавгата меѓу мајка му и татко му.