Содржина
Тројца фанатични љубители на птици (Стив Мартин, Овен Вилсон, Џек Блек) минуваат цела година во натпревар за забележување на најголем број птичји видови додека Ел Нињо испраќа неверојатен број ретки видови кои пристигнуваат во САД.
Дејвид Френкел, режисерот на „Ѓаволот носи Прада“ и „Марли и јас“ се здружува со Стив Мартин, Џек Блек и Овен Вилсон во софистицираната комедија која се одвива во тајниот, подземен и безмилосен свет на гледањето птици. Тројцата икони на комедијата ја претставуваат елитата на овој страстен сој, кој се соочува во таен натпревар што ќе се претвори во најголемата година во нивните животи. Додека гледачите на птици патуваат низ Северна Америка во меѓусебен натпревар во кој треба да видат и забележат најголем број видови во 1998 година, сите тројца (еден директор, еден осамен програмер и агресивниот актуелен крал на натпреварот) почнуваат да ги жртвуваат своите лични односи за да ја добијат титулата „најдобар птичар“ на годината.