Содржина
Игби Слокумб е бунтовно и саркастично 17-годишно момче кое е во војна со наследените привилегии во кои бил роден. Тој има татко шизофреничар и себична мајка, како и алчен поголем брат, па Игби си помислува дека сигурно мора да има подобар живот некаде таму и оди да го бара. Откако го бркаат од уште едно училиште, Игби е испратен на воена академија во омразениот Среден Запад. Со помош на кредитната картичка на мајка си, тој се дава во бегство. Неговото комично патување на крајот го носи во Њујорк, каде што се крие кај својот кум. Таму среќава разни ликови, вклучително и девојката на неговиот кум, која е кореограф, како и Суки Саперстајн, која постојано се досадува. Во потрагата по слобода од своето репресивно и нефункционално семејство, борбата на Игби е воедно и комична и трагична поради обидот да се спаси себеси од пропаѓање.