Содржина
Париз, 2013 година. Дамијен е елитен припадник на француската полиција и на единицата за специјални интервенции, експерт за боречки вештини. Мајстор е за инфилтрација и ги завршува своите задачи со брза и прецизна акција. Но, сега Дамијен се соочува со најекстремната мисија во неговата кариера. Ситуацијата е сериозна: најмоќната банда од предградието 13 украла оружје за масовно уништување. Дамијен мора да се уфрли во нивната територија и да се погрижи за бомбата. За да ја заврши задачата, ќе треба да работи со некој што ја познава областа. А тоа е Леито, млад човек роден и израснат во гетото. Дали тој ќе сака да соработува со Дамијен? Дали ќе ја заврши задачата и ќе спречи катастрофа?