Содржина
Необичен приказ на една од најголемите австралиски легенди. Всушност на животот на бандитот Нед Кели, кој е реинкарниран во Небрежниот Кели. Кели е неуспешен крадец во Америка, но станува славен и богат како холивудска ѕвезда.
Јаху Сириус го игра херојот и модерниот наследник на вистинскиот австралиски Робин Худ, Нед Кели. Продолжувајќи ја семејната традиција за крадење од богатите и давање на сиромашните, Нед го измамува богатиот сер Џон (Хуго Вивинг), кој ја организира продажбата на крајбрежниот имот на Кели на еден јапонски купувач. Семејниот кодекс на честа на Келиеви му забранува да краде за сопствен профит, па моторџијата Нед одлучува да ги собере парите што му требаат за да го спаси земјиштето со тоа што оди во Америка. Неговото ограбување банки паѓа во втор план и тој станува ѕвезда во еден холивудски филм, кој можеби ќе му донесе пари да ги осуети алчните планови на Сер Џон. Нед исто така наоѓа љубов со една банкарка, која соодветно се вика Робин Бенкс (Мелора Хардин).