Содржина
Рон Бургунди (Вил Ферел) е најдобриот водител во Сан Диего во машкиот свет на вестите во 1970-тите, но тоа ќе се смени кога нова вработена со голема амбиција (Кристина Апелгејт) доаѓа во неговата редакција.
Вил Ферел е Рон Бургунди, најдобриот водител во Сан Диего во 1970-тите, кој верува дека жените имаат место во собата за вести само ако известуваат за модни настани или приказни за готвење. Па кога на Рон му е кажано дека ќе работи заедно со бистрата новинарка (Кристина Апелгејт) која е убава, амбициозна и доволно паметна за да биде повеќе од згодна девојка, тоа не е само судир на две ТВ лица со навистина добра фризура, туку тоа е војна! Исполнет со извртен и урнебесен хумор, „Водител: Легендата за Рон Бургунди“ е најголемиот хит на годината што мора да се погледне!