рејтинг: 5.8/10
Оценка на корисникот: 9.8/10
(5 гласови)

Содржина

Брелоер го прикажува издигнувањето и падот на едно буржоаско трговско семејство од Лубек. Консул Џин, ќерка му Тони и синовите Томас и Кристијан се борат за економското преживување и се во потрага по среќа и невозможна љубов.
БУДЕНБРОКОВИ - ПАДОТ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО е фасцинантна филмска адаптација на наградуваниот роман на Томас Ман од 1900. Гледајќи ја судбината на три генерации, сведочиме за издигнувањето и падот на едно трговско семејство во северна Германија. Во едно општество каде измените се неизбежни, изгледа дека и семејните вредности мора да се сменат. Личните аспирации кои се жртвувани за доброто на семејниот бизнис, сега се закануваат да ја распаднат династијата која беше позната по истрајност и трудољубивост и по верба и почит. Додека Томас (Марк Вашке) сака да ја пополни празнината поради тоа што го нема нивниот татко, Консул Џин (Армин Милер-Штал), и да ја води фирмата низ времињата на модернизација и сѐ поголема конкуренција, брат му, Кристијан (Аугуст Диел) се обидува да избега од каква било одговорност. Го наоѓаме во сомнително друштво, женејќи се со жена од водвиљско шоу, бунтувајќи се против сѐ за што неговиот татко се има залагано. Оставено е на сестра им, Тони (Џесика Шварц) која ја жртвува својата вистинска љубов заради богатството на семејството и заради одржување на семејните врски. Но, кога нивниот конкурент, Хангенстром покажува дека има подобар инстинкт за променливите потреби на пазарот, дури и нејзиното влијание изгледа дека исчезнува...

Слики

БуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброковиБуденброкови

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.