рејтинг: 7.1/10
Оценка на корисникот: 8.7/10
(11 гласови)

Содржина

Хроника за првите години на Џон Ленон, со главен акцент на неговата врска со неговата строга тетка, Мими, која го има одгледано и со неговата отсутна мајка, Џулија, која се враќа во неговиот живот во еден клучен момент.
МОМЧЕ ЗА НИКАДЕ ги прикажува клучните тинејџерски години на Џон Ленон. По прв пат на екраните се прикажуваат настаните и личните околности кои доведуваат до формирањето на „Битлс“ - како и семејните случки кои ги формираат креативните и инспиративните квалитети на Џон Ленон. Тие квалитети имаа револуционерно влијание врз светот за време на неговиот краток живот од 40 години - а продолжуваат да имаат влијание 30 години по неговата смрт. Замислете ги... тинејџерските години на Џон Ленон. Ливерпул, 1955. Едно паметно и проблематично момче е гладно за искуства и е полно со желба да избега од комплицираноста на неговиот семеен живот и од тесноградиот менталитет на Британија по војната. Во семејство полно со тајни, две силни жени се борат за Џон (Арон Џонсон): Џулија (Ен-Мари Даф), слободоумната мајка која поради лични причини го има дадено Џон како дете - и нејзината сестра, Мими (Кристин Скот Томас), строгата тетка која го има одгледано Џон. Џон во музиката наоѓа бегство, а особено во новиот увоз од Америка - рокенрол. Надежниот музичар го формира бендот кој потоа се претвора во „Битлс“, а потоа наоѓа сродна душа во тинејџерот, Пол Макартни (Томад Броди Сангстер). Кога Џон тргнува во својот нов живот, настанува трагедија. Но, Џон ги насочува својот гнев и својата лична болка во креативноста и создавањето музика. Приказната завршува кога младиот човек го напушта домот и се упатува во Хамбург со својот бенд. Останатото навистина е историја... Со сценарио и перспективи од разни извори, потврдени од оние кои најдобро го знаеле Џон (вклучително и неговите другари од детството, прикажани во филмот), ова е прв филм кој им дозволува на обожавателите да го „разберат малото дете во човекот“ - како што се пее во една од последните и најинтимни песни на Ленон.

Слики

Момче за никадеМомче за никадеМомче за никадеМомче за никадеМомче за никадеМомче за никадеМомче за никадеМомче за никаде

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Тома (2021)

    image
    Филм “ТОМА” је један импресионистички портрет Томе Здравковиќа који приказује саме његове почетке, баш као и врхунац славе, његове љубави које су га инспирисале...
  • Лове & Мерцy (2014)

    image
    Лове & Мерцy је музичко-биографска драма у чијем се центру дешавања налази Брајан Вилсон, изузетан музичар чија је музика дефинисала целу једну генерацију. Први...
  • Ситни прашинки (2008)

    image
    Во студентски дом ќе се сретнат сликарот Салвадор Дали и поетот Федерико Гарсија Лорка. Набрзо ќе им се придружи и режисерот Луис Буњел. Тројцата пријатели ќе...
  • Фати го ритамот 2: На улица (2008)

    image
    Режисерот Џон М. Чу го презема кормилото за ова продолжение на „Фати го ритамот“, сместено во Школата за уметности во Мериленд и го следи патувањето на бунтовната...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.