Содржина
Венеција, 1596. Меланхоличниот Антонио е пријател на младиот Басанио. Кога Басанио бара 3000 дукати, Антонио се согласува пред да дознае дека со парите ќе ја бара раката на Портија. Бидејќи неговиот капитал е заклучен во трговски бродови на море, Антонио мора да отиде кај Шајлок, еврејски лихвар што го мрази. Шајлок ја сокрива својата лутина во добрина и на Антонио му нуди заем без камата, но ако парите не му се вратат, Антонио ќе му должи половина килограм месо. Ќерката на Евреинот побегнува со христијанин и тоа само ја разгорува омразата на Шајлок. Додека Басанио и се додворува на Портија, се губат бродовите на Антонио и Шајлок си го бара месото. Додека судењето се подготвува, Портија си дава за задача да го спаси пријателот на Басанио.