Содржина
Бастијан уште еднаш влегува во кралството на човечката фантазија, во волшебната земја со прекрасни градови и неверојатни суштества. Но, Бастијан тука мора да ја победи злобната волшебница Ксајде, пред таа да ги уништи сите приказни!
Во ова продолжение на филмот од 1984 година, младиот херој Бастијан се враќа во волшебната земја Фантазија, која неодамна ја спасил од уништување. Земјата сега може да ја уништи злобната волшебница Ксајде, па Бастијан мора да се здружи со Атреју и да се обиде да го порази злото, кое се заканува дека ќе ја истреби добрината, а попатно тој успева да пронајде посебна храброст во себе... Потсетник на вечното оптимистичко дете што живее во сите нас.