Содржина
Кога баба ѝ добива дијагноза за деменција, скејтерката Кери е присилена да ги напушти поплочените улици на големиот град и да живее со својот отуѓен татко Хенк на неговиот ранч за коњи во Вајоминг. Носејќи го својот скејтборд на место каде што нема рампи за скокање, Кери се чувствува многу осамена и е решена да се врати во градот. За време на својот престој на ранчот, Кери создава чудно пријателство со дивата кобила по име Флика. Таа е од видот црн мустанг, тврдоглава е и има слободен дух исто како Кери. Тие оформуваат посебен однос и Кери наскоро го отвора своето срце не само пред својот татко туку и пред едно убаво локално момче. Кога Флика ја одведуваат и животот ѝ е доведен во опасност, Кери ќе стори сè за да ја врати безбедно дома, онаму каде што припаѓа.