Содржина
Крис Брендер (Рајан Рејнолдс) има сѐ што може да посака во животот - успешна кариера како музички продуцент, углед, убавина, но работите не му биле баш сјајни во минатото. Во средното училиште во Њу Џерси, Крис бил срамежливо дете и единствена светла точка во животот му било пријателството со најубавата девојка од училиштето, Џејми Паломино (Ејми Смарт), којашто тајно посакувал да му биде девојка. На матурската забава тој ќе ѝ ја искаже својата љубов, но Џејми го сака само како пријател. Новата работна задача повторно ќе го соочи со девојките од неговото минато...