Содржина

Алиса Милано ја игра Хуго, млада чистачка на базени во Лос Анџелес. За еден ден Хуго чисти 44 базени, излегува на крај со ексцентрични и напати опасни клиенти, им помага на своите родители да пораснат и сепак наоѓа време да се вљуби...
Необична комедија, која се одвива во ексцентричната средина на Лос Анџелес. Хуго Дугеј е млада жена што заработува за живот чистејќи базени кога не е зафатена со чување на мајка си Минерва, зависничка од коцкање, и на својот татко Хенри, кој е зависник од алкохол и уште од неколку дроги. Еден ден, Хуго треба да се погрижи за повеќе од 40 базени, што се усложнува поради фактот дека Лос Анџелес се наоѓа среде суша, а нејзе ѝ е забрането да го користи градскиот водовод за да ги наполни. Тоа се особено лоши вести за Чик Чичалини, мафијашки шеф, кој прави забава и инсистира да има чист базен со свежа вода за забавата. Во надеж дека ќе ја намали нервозата на Чик, таа осмислува сложен план во кој се вклучени една цистерна и едно брзо патување до реката Колорадо. Хуго, исто така, сретнува и еден мистериозен автостопер, кој можеби има волшебни моќи, а излегува на крај и со другите муштерии, меѓу кои се и нервозниот режисер Франц, како и згодниот маж Флојд, во кого таа се вљубува и покрај фактот дека тој пати од амиотрофична латерална склероза (АЛС), позната и како болеста на Лу Гериг.

Слики

Чистачка на базени

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Дјус Бигалоу: Машки жиголо (1999)

    image
    Дјус е наивен, добронамерен чистач на аквариуми кој е многу посветен и среќен со својата работа. Но неговиот живот се менува драматично кога тој е најмен да...
  • Скршени срца (2009)

    image
    Таа уште се држи. Тој е млад. Кетрин Зета-Џоунс („Без резервации“) глуми со Џастин Барта („Мамурлакот“), во улога на убава самохрана мајка во Њујорк, која ги...
  • Само Продолжи Со Тоа (2011)

    image
    Дени (Адам Сендлер) е успешен пластичен хирург кој се преправа дека е несреќно оженет за да ја добие жената која ја сака. Кога конечно запознава една девојка...
  • Како маче и куче (2017)

    image
    Грешка у резервацији приморава двоје људи и њихове љубимце да деле куќу поред језера, коју су појединачно резервисали. Катастрофа тиња измеѓу мачке, пса и двоје...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.