Содржина

Колку навистина знаеме за храната која ја купуваме во нашите локални супермаркети и ја служиме на нашите семејства? Во „Прехрана АД“, режисерот Роберт Кенер ја прикажува прехранбената индустрија на нацијата, откривајќи ја механизацијата која е скриена од американскиот потрошувач со согласност од регулаторните агенции на нашата влада, УСДА и ФДА. Снабдувањето со храна на нашата нација сега е контролирано од неколку корпорации на кои честопати профитот им е поважен од здравјето на потрошувачите, животите на американските фармери, безбедноста на вработените, па дури и на нашата животна средина. Имаме поголеми пилешки гради, совршени свински кременадли, семиња за соја кои се отпорни на хербициди, па дури и домати кои не се расипуваат, но исто така имаме и нови нишки на Е. Коли - штетната бактерија која предизвикува болест за приближно 73.000 Американци на годишно ниво. Нападнати сме од широко распространета прекумерна тежина, особено кај децата и од епидемиски нивоа на дијабетес кај возрасните. Во документарецот има интервјуа со експерти како Ерик Шлосер („Нација на брза храна“, Мајкл Полан („Дилемата на сештојадите“, „Во одбрана на храната: манифест на јадачите“) заедно со општествените претприемачи со напредни идеи, како Гери Хиршберг од „Стонифилд“ и Џоел Салатин од „Полифејс Фармс“. „Прехрана АД“ открива изненадувачки – а честопати и шокантни вистини – за она што го јадеме, како е тоа произведено, каква нација имаме станато и каде ќе одиме од тука.

Слики

Прехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АДПрехрана АД

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.